Јелена ја засени славеничката: Карлеуша доминираше на роденденот на Наташа Беквалац, еве зошто
Таа на роденденот се појави баш како „дива“
Наташа Беквалац синоќа го прослави
својот 40-ти роденден, а на прославата што ја организираше присуствуваа
семејството и пријателите, меѓу кои најголемо внимание привлече Јелена Карлеуша.
Јелена на забавата се појави во
долг, бел, фустан, кој имаше длабоко деколте и уште подлабок шлиц.
Карлеуша објави неколку фотографии
од прославата на Инстаграм. И овој пат познатата српска пејачка покажа зошто е
„дива“.