Јелена Карлеуша и Тошко Тошиќ: Вистината за љубовната приказна полна бури и контроверзии

Јелена Карлеуша и Тошко Тошиќ: Вистината за љубовната приказна полна бури и контроверзии

Објавена во: Живот // Живот

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се заколнаа на вечна љубов на 8 јуни 2008 година, а свадбата од бајките беше организирана по барање на бремената невеста.

Кога пејачката Јелена Карлеуша се омажи за седум години помладиот фудбалер Душко Тошиќ, на 8 јуни 2008 година, ретко кој веруваше дека овој брак ќе преживее.

 Јелена, која претходно помина една година во брак со Бојан Кариќ, веќе имаше статус на ѕвезда, додека Душко штотуку ја започнуваше својата спортска кариера. Фудбалерот беше многу упорен да ја придобие девојката чии постери беа залепени на ѕидот на неговата соба кога имал 16 години.

„Тој е некој кој навистина ги допре sвездите со најтешката можна социјална приказна. Израснал во дом затоа што неговите родители биле многу сиромашни. Почнал да тренира фудбал рано во „Пролетер“ од Зрењанин. Тоа било неговото бегство од дома. На 16 - годишна возраст се преселил во „ОФК Београд“. Подоцна дознав од неговите пријатели од ОФК дека просторијата во која тој живеел била покриена со мои постери. На крајот од баладата, тој се оженил со жената од постерите и ѝ направил две деца. Тоа е прекрасна, трогателна приказна“ - своевремено откри Карлеуша.


Тој јуни пред 13 години, двојката се заколна на вечна љубов, а за свадбата од бајките организирана на барање на бремената невеста (која, според проценките на медиумите, чинеше 100 000 евра), Карлеуша еднаш рече:

„Отсекогаш сонував за убава, романтична венчавка, па се очекуваше дека мојата венчавка ќе биде како од најубавите бајки на Дизни.“

Двојката набрзо ја доби ќеркичката Атина, а една година подоцна и Ника.

Вистината за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ја интересира јавноста, а еве што кажа за тоа пејачката:

„Молчев долго време. Чекав еден страшен период да оставам зад мене. Не само оваа година, туку и претходната. Животот никогаш не ви го дава она што не можете да го поднесете. Издржав, но за жал, сето тоа влијаеше на моето семејство и на мајка ми, која почина среде скандалите“ - изјави неодамна Јелена во една емисија, кога не успеа да ги задржи солзите поради напливот на емоции.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: