„Каде оди нашата генерација?” прашање на кое одговор дава ТВ серијалот ,,Генерација бушави“
Од детска игра со камери и апарати, преку самоуко сечење на клипови кои ги научил на Јутуб до режисер кој ветува многу.
Студентот кој високо котира во светот на филмот Мартин Чичовски зад себе остава уште едно врвно дело на кое се посветил 4 години-ТВ серијалот од 6 продолженија ,,Генерација Бушави“ кој од ноември премиерно се прикажува на првата македонска платформа Gley.mk.
Приказната почнува кога на само 15 години Мартин Чичовски го снимил својот прв среднометражен филм „Без разлика што“ премиерно прикажан во МКЦ 10 март 2018 година. 6 месеци подоцна, тој го напишал и режирал неговиот хит филм „Ема“. Една година подоцна Мартин се потпишува и зад краткиот филм ,,Светлина“ кој добива второ поглавје во 2020.
Денес, на само 20 години Мартин е еден од нашите “домашни производи“ чии дела се селектирани на многу фестивали низ светот, како што се Светскиот филмски фестивал во Њујорк, Меѓународниот филмски фестивал во Велс и Азискиот филмски фестивал во Лос Анџелес.
,,Генерација Бушави“ еприказна која треба да ја погледне секој млад човек, да си го постави прашањето каде оди оваа генерација и да проба да го пронајде вистинскиот одговор.Теми кои се секојдневие на тинејџерите, дел од нив се и буквално базирани според реални настани со цел да го прикажат нивниот дух, став, менталитет и живот во кој пристапот до наркотици е лесен а злоупотребата на моќ е се поголема.
Во продолжение Мартин Чичовски зборува како настанала ,,Генерација бушави“ и зошто треба да се одвоите од своето време да го погледнете овој навидум “аматерски“ производ.
* Приказни инспирирани од животот на младите, нивниот дух, став, менталитет и живот во овие бурни времиња. Како и зошто се создаде ,,Генерација бушави“?
МЧ: Првата идеја беше склоп од повеќе приказни кои егзистираат во истиот свет, но се различни. Инспирацијата ја добив заедно со мојата колешка и другарка Марија Додовска, бевме поттикнати од серијата Black Mirror на Нетфликс, каде секоја епизода е со различна приказна, но се обработува иста тема. Во текот на процесот на пишување сценарија, одлучивме да ги поврзаме сите приказни во последните две епизоди. Сите ликови да дојдат на едно место, да ги судриме нивните светови. Со цел да го поставиме прашањето “Каде оди нашата генерација?”. Прашање на кое одговор не може да му се најде, па ајде да се обидеме да го побараме.
* Кој ја сочинува актерската екипа, дали тоа се професионални актери и тешко ли беше да се состави екипата?
МЧ: Цела екипа студенти! Екипата зад камери ја дефиниравме од самиот почеток. Пронаоѓањето на правилните актери за ликовите беше поинаков процес, посветивме многу време за да утврдиме кои ќе одиграат пред камера. Успеавме да пронајдеме одговорни, неуморни и талентирани луѓе кои дадоа баш се од себе за да ги оживеат нашите замислени ликови.
* Генерација бушани нуди шест епизоди ,,реална Македонија“. Зошто публиката треба да го погледне овој домашен продукт?
МЧ: Организиравме бинџинг ноќ за тест публика заедно со цела екипа, каде што ја изгледавме цела серија во една вечер. Имаше моменти каде ни екипата не можеше да ги тргне очите од екранот. Од тест публиката беа воодушевени, споделија со нас дека омилени епизоди им биле последните две, судирот помеѓу приказните. Дел од нив се пронајдоа во ликовите, дел беа вознемирени, дел започнаа во потрага по одговорот на прашањето…
* Проектот е финансиски поддржан од Комисијата на Европската Унија (EU WITH YOU). Тешко ли е да се добие поддршка од “дома“(државни фондови) за еден филмски производ каков што е ТВ-серијалот ,,Генерација бушави“?
МЧ: За финансиска поддршка од државен фонд потребно е да имаш завршено додипломски студии во одреден креативен сектор, барем за поддршка од агенција за филм, а јас сум студент. За спонзорство од страна на делегацијата на ЕУ, имаше поинакви барања кои ги исполнуваше нашиот тим. Можеби за 10 години од сега би можел да го одговорам ова прашање.
* Како млад режисер дали бирате да работите во земјава или вашата иднина ја гледате надовор од границите на Македонија?
МЧ: Аплицирав на неколку универзитети во САД минатиот месец, полека започнува војната за стипендија. План Б е Словенија, студирањето таму за македонци е целосно бесплатно. Македонија ми е во план Ш.
Претплатниците на Gley.mk секоја наедела премерно ќе имаат можност да погледнат по две епизоди од серијалот ,,Генарација бушави“. Првите четири епизоди претставуваат самостојни приказни кои во петата и шестата епизода се поврзуваат, настанува судир и сите ликови се среќаваат на едно место.
Многу повеќе домашни, регионални и светски наслови со превод, без реклами, може да погледнете на првата македонска стриминг платформа Gley. Aпликацијата е достапна на вашиот таблет, смарт телефон, лаптоп, компјутер, на Smart TV како и на MaxTV приемниците.
* ПР - објава