Каде викендов? На скијање во Крушево!
Ги обожавате зимските спортови?! Тогаш идеалното место за вас е Крушево, местото каде што без проблем ќе уживате во нив...
Ова се утринските фотографии од скијачката патека Станич лоцирана над градот.
До патеката која нуди денско и ноќно скијање може да стигнете по новоизграден пат или со жичарница која поаѓа од срцето на Крушево. Патеката е идеална за возрасни и деца.
За вљубениците во адреналинот, пак, на располагање е амфибија која ве носи до врвот Мусица за скијање по диви патеки и уживање во неверојатните глетки.
На Станич е лоциран и АЛТО Лаунџ барот за топли пијалоци, вкусна храна и забава со диџеј сет.
Доживувањето може да го комплетирате со престој во Панорама Хотел и Спа каде ве очекува врвно опуштање со затворен базен, сауна и масажа.
Снежната покривка на Бушева планина во комбинација со сончевото време гарантира викенд полн рекреација и забава. Да го искористиме!
Се гледаме на стаза!
* ПР - објава