Кајли Џенер својот роденден ќе го прослави на јахта вредна 200 милиони долари!

Кајли Џенер својот роденден ќе го прослави на јахта вредна 200 милиони долари!

Објавена во: Мода // Moj стил

Не постои нешто што се нарекува „мала забава“ кога семејството  Кардашијан - Џенер е во прашање.

Сепак, никој не очекуваше дека младата инфлуенсерка за своите најблиски ќе направи забава на јахта, која покрај козметички салон, сауна и базен, има и театар.

И хелиодром, секако.

Изнајмувањето на ова „бродче“ неделно чини неверојатни милион долари, пишува британскиот „Metro“.

Но, тоа е вистинска ситница за Кајли која порано оваа година беше прогласена за најмлад милијардер.

Со 10 кабини, јахтата може да прими 22 гости кои со славеничката ќе се забавува на сонце.

Иако се уште не е потврдено, се верува дека Кајли ќе крстари по Медитеранот со своите гости.

За среќа на сите следбеници на познатото семејство, не се крие ниту еден детаљ од животот на членовите на истото, па најверојатно многу фотографии ќе бидат споделени на социјалните мрежи.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: