Кајли проговори за расизмот: „Се плашам за Сторми“

Кајли проговори за расизмот: „Се плашам за Сторми“

Објавена во: Совети // Семејство

По убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец, протестите за правда ширум САД не се смируваат, а освен оние непознатите и бројни познати личности проговорија за нужните промени во општеството. Помеѓу нив е и Кајли Џенер.

Кајли за оваа тема се огласи на својот Инстаграм профил. Најпрво сподели фотографија со цитат од Мартин Лутер Кинг Џуниор. „Дојде време кога тишината е предавство“, а потоа проговори за тоа колку се плаши за сопствената ќерка, Сторми, пишува Elite Daily.


Покрај цитатот напиша и опширен текст во кој детално се опишани нејзините мисли и чувства по повод убиството на Флојд.

„Откако го погледнав ужасното и потресно видео кое го прикажува убиството на Џорџ Флојд, не успеав од глава да го исфрлам неговото лице и неговите зборови“ - започна Џенес. „Особено никогаш не сум ги почувствувала болката и стравот кои секојдневно ја минуваат многу Афроамериканци ширум земјата, но знам дека никој не требало да живее во страв и никој не заслужува смрт каква што имаше Џорџ Флојд и уште толку други луѓе.“

„Зборувањето за проблемот расизам се случи прекасно. Моментално имаме две ужасни пандемии во нашата земја и не можеме да одмориме и да го занемариме фактот дека расизмот е една од нив. Искрено се плашам за животот на својата ќерка и се надевам за подобра иднина за неа и сите останати во општеството“ - заклучи таа.

Исто така, Кајли ги повика сите своите следбеници на Инстаграм да продолжат да зборуваат за проблемот со расизмот, за да почнат да се случуваат сериозни промени во општеството.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: