Кајли се породила во тајност? Следбениците забележаа „доказ“ на фотките кај момчето на Кортни Кардашијан

Кајли се породила во тајност? Следбениците забележаа „доказ“ на фотките кај момчето на Кортни Кардашијан

Објавена во: Совети // Семејство

По новите фотографии на Тревис Баркер, многумина се запрашаа дали Кајли Џенер навистина се породила.

Кога станува збор за Кајли Џенер, нејзините обожаватели слободно може да се рангираат во приватни истражувачи, бидејќи ако се земе предвид дека нејзината втора бременост ја открија само благодарение на ноктите на едно видеи, повеќе е од јасно дека и најновите тврдења се и повеќе од оправдани.

Имено, најмладата членка на Џенер долго ја криеше бременоста од јавноста, а по сите гласини, јавно се огласи и ги потврди шпекулациите.

Сепак, деталите, исто како и претходниот пат ги задржа за себе.

Да, потсетиме својата прва бременост Кајли ја криеше до самиот крај, а во емотивно видео на Јутјуб откри како изгледало сето тоа, од првиот ден до породувањето. Иако и сега наголемо се зборуваше за тоа дека очекува дете со своето момче Тревис Скот, конкретни докази немаше, а најмладата милијардерка ретко се појавуваше во јавноста.


Сепак, беше прилично транспарентна, а колку и да звучи погрешно, и трагедината на фестивалот Astro World, каде на концертот на нејзиниот парнер починаа 10 луѓе, ѝ одеше во прилог, за да остане во медиумска илегала.

Меѓутоа, сега обожавателите се убедени дека Кајли се породила, а главниот доказ за тоа им е фотографијата на момчето на Кортни, Тревис Баркер, односно нешто што се гледа на неа.

Имено, на прв поглед, на фотографијата нема ништо спорно - божиќна атмосфера, книги, чоколади, цвеќе, Гринч на телевизорот и шише за бебе.

Обожавателите на Џенер веднаш почнаа да ги изнесуваат тврдењата дека исто такво шишенце користила Кајли и кога се родила Сторми.

Со оглед на тоа дека Божиќ сите заедно го поминале во домот на Кортни, сите се убедени дека на свет дошло второто бебе, за кое уште не се знае дали е момче или девојче.

Обожавателите се сигурни дека се породила и откако на почеток на месецот протекоа нивните фотографии кои ги продале на еден магазин. На нив стомакот на Кајли е навистина голем и сите се и повеќе од сигурни декеа таа во ноември била во деветтиот месец.

Уште еден „доказ“ е видеото на Клои Кардашијан на кое се гледаат најмладите членови на семејството со Дедо Мраз, од кои само Сторми носи заштитна маска.

Дали е вистина дека Кајли навистина е породила, останува да видиме, иако таа по овој повод не се има огласено, но не се соменваме дека и овој пат ќе го направи тоа на спектакуларен начин.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: