Како да го отстраните гел лакот од ноктите: Не мора да одите во салон, само треба да одвоите 15 минути
Пред да го започнете процесот, задолжително памукот исечете го во големина на ноктот и исечете ја алуминиумската фолија...
Ноктите се една од првите работи која секоја ќе ја забележи на една девојка. И сите сакаат да имаат убав маникир. Меѓутоа, лакот за нотки, често, брзо се уништува. Затоа многу жени се одлучуваат за гел лак.
Тој е одлично решение, бидејќи „трае“ многу подолго од обичниот. Но, тешко се отстранува од нотките.
Ова воедно му е и најголема негативност, бидејќи кога сакате да го отстраните, мора да одите во козметички салон. Но, и за тоа постои решение.
Прво задолжително памукот исечете го во големина на ноктот и исечете ја алуминиумската фолија на поголеми парчиња.
Отстранувањето на гел лакот започнете го со турпирање на површината, за да го отстраните сјајот, потоа на памук ставете ацетон, а потоа сето тоа заедно ставете го на ноктот и замотајте го со алуминиумска фолија. Направете го тоа така што сјајната страна да биде од внатре. Држете ги така замотани ноктите некои 15-тина минути, по што, доколку со дрвено стапче го турнете, гел лакот од нотките би требало да се отстрани без проблем.
фото: Profimedia