Како да се победи на Huawei Next-Image Awards 2020 според дел од глобалното жири

Како да се победи на Huawei Next-Image Awards 2020 според дел од глобалното жири

  Според познатите фотографи Стив МекКури и Елисавета Породина

Можете да ги доставите вашите дела до 31 јули и да бидете во трка за 3 Гран-При награди од 10.000 американски долари и најновиот P40 Pro

Секоја емоција и приказна може да се раскаже преку совршен кадар или возбудливо видео. Ова лето, најдобро место за споделување на вашата приказна, снимена со смартфон Huawei е натпреварот Huawei Next-Image Awards 2020. Незаборавните зајдисонца, насмевките на најблиските, летните авантури можат да бидат дел од глобалната арт сцена и да бидат оценети од некои од најпознатите имиња во областа на фотографијата ширум светот.

Експресивноста на фотографијата може да биде огромна, а улогата на фотографот е да ја компонира и гради приказната. Звучи комплицирано? За среќа, има неколку трикови кои ќе ви помогнат да раскажете интригантна приказна преку леќите на вашиот паметен телефон, споделени лично од членовите на глобалното жири на Huawei Next-Image Awards 2020.Покрај признанието за исклучителното дело, победниците на глобалното натпреварување ќе добијат и три Гран-При награди од 10.000 американски долари, Huawei P40 Pro и електронски сертификати.

За да победите, запомнете дека вашата фотографија, учесник во Huawei Next-Image Awards 2020, мора да:

…има емоции

Најважната работа во портретите е да се фати автентичноста. Дајте си себе и на вашата муза време да изградите врска за да можете да ги рефлектирате емоциите во секој различен момент. Успехот на раскажаната приказна е да ве плени на вистински начин.

„Клучен елемент за правење добар портрет е трпеливоста, да се чека вистинскиот момент кога ќе се открие една личност. Покрај тоа, работата со соодветно светло и позадина може да бара време. Го бара тој чист и едноставен момент да пренесете дел од тоа како е да се биде човекот пред објективот." - Стив МекКури, наградуван фотограф и креатор на познатата „Afghan Girl”.

…претстави различна гледна точка

Во фотографијата, секоја промена на перспективата ја прави интригантна, што дава шанса да ја раскаже приказната на еден сосема нов начин. Експериментирајте со вашите снимки, правејќи ги во различни периоди од денот и ноќта. Можеби фотографиите направени во текот на ноќта или при слаба осветленост кои ќе ви овозможат да ги заинтригирате членовите на жирито на Huawei Next-Image.

„За мене лично, креативноста отсекогаш била начин не само да уживам и да го збогатам мојот живот, туку и да преживеам - тоа постојано ми носи мотивација да го сакам секој следен ден. Се надевам дека ова ќе ги потсети и охрабри луѓето да ги користат ресурсите што им се достапни за да создадат нешто што никогаш не би го сметале за можно." - Елисавета Породинаруски уметник, фотограф и психолог.

…има динамика

Фотографијата треба да има и одредена напнатост. Фокусирање на елемент на фотографијата, интересна текстура, интензивна боја или детали што не се видливи на прв поглед, можат да предизвикаат силни емоции кај набљудувачите. Вреди да се тестираат различни карактеристики на камерата на Huawei и да се открие нов свет на перспективи. Сликите направени од далечина со зум, макро фотографијата или невообичаениот кадар може да бидат клучни за кулминација на приказната и како резултат добивате фотографија која има шанса да победи на Huawei Next-Image 2020.

„Макро фотографијата може да опфати многу детали во удобноста на вашиот дом. Растенијата и храната имаат уникатна текстура вредна за истражување" - Рубен Крабе, фотограф на екстремни спортови и природа.

…ги инспирира другите

Најдобрите приказни се оние кои носат во себе единствена порака и за кои би сакале да дознаеме повеќе. Ако изберете фоторепортажа, проверете дали приказната што ја создавате има јасна тема, но во исто време и инспиративни елементи што ќе го привлечат вниманието.

„Се обидувам да ја раскажам секоја приказна преку визии и толкувања што јас ги замислувам, но на крајот, гледачот сам да ги толкува. Тој ја создава својата лична приказна, со свои искуства и перспектива, засновани на мојата приказна. Се надевам дека ќе ги инспирирам и учесниците да го сторат ова." - Каролина Хенке, шведски моден фотограф.

…е пријавена на сајтот на Huawei Next-Image Awards 2020

Ако веќе сте ги следеле советите на членовите на глобалното жири и имате до 30 уникатни и различни дела направени со вашиот Huawei, споделете ги тука.

6-те категории во кои можете да учествувате се: Near Far, Good Night, Hello, Life!, Faces, Live Moments, Storyteller, до 31 јули 2020 година. Твоите дела имаат шанса да ги импресионираат Стив МекКури, Елисавета Породина, Рубен Крабе, Каролина Хенке, обожавателите на Huawei и љубителите на мобилната фотографија од целиот свет!


Можеби ќе ве интересира: