Како да се сестри: Ќерката на Каја има 18 години, на нејзината убавина не остана рамнодушен ниту синот на Мадона
Пејачката во првиот брак со Никола Драгојловиќ ја доби ќерката Николина...
Катарина Каја Остојиќ важи за една од најдобрите пејачки на Балканот. Безброј пати ги воодушеви сите со својот глас, а откако ќе ја видите нејзината ќерка Николина, ќе останете воодушевени од нејзината убавина.
Николина Драгојловиќ, ќерка на пејачката Каја Остојиќ, некогаш дури и го воодушеви синот на Мадона, Роко. Тие двајца пред три години се сретнале во Вербиер, одморалиште на швајцарските Алпи.
Каја на оваа луксузна дестинација тогаш била со ќерката и пријателки, а само неколку дена по нив, пристигнала и Мадона со синот Роко, кој го доби во бракот со режисерот Гај Ричи.
„Тие седеа еден спроти друг и тој цело време гледаше во неа. Таа срамежливо се сокри зад Каја за да не им се сретнат очите. Не помина многу време, Николина отиде во тоалетот и Роко ја запре пред вратата со желба да ја зпаознае. Николина го поздрави, ја подаде раката кон него и брзо се врати на масата“ - пред две години раскажа извор за „Српски телеграф“.
Овој пат, пејачката сподели фотографија на својот Инстаграм каде позира со својата ќерка, а многумина се согласија дека изгледаат како сестри: