Како да видите Инстаграм стори, без личноста која го објавила да го види вашето име?
На социјалните мрежи во последно време се зборува дека е можно да се погледнат сторињата кои ги објавуваат корисниците, без да го пишува вашето име на листата со оние кои го погледнале...
Да не се лажеме, не постои личност која ги користи социјалните мрежи, а која никогаш никој нема „шпиунирано“ на нив. Препреките во тој облик на „истражување“ знаат да бидат заклучен профил на Инстаграм, но и можноста на оној што објавува стори да провери кој му го видел.
Меѓутоа, постојат неколку трикови со кои ќе ја зачувате анонимноста, а истовремето да го пронадејте тоа што ве интереси.
# Како да ги видите приватните Инстаграм објави (и содржини на стори)?
BuzzFeed во 2019 година предложи прилично едноставен начин на гледање на приватните објави. „Сѐ што ви е потребно е основно разбирање од HTML и Интернет пребарувач“ - напишаа тие тогаш.
Ова беше советот - корисникот кој веќе следи одреден профил, едноставно мже да ги погледне фотографиите и видеата кои се вчитуваат на тој профил, а потоа да го извлече нивното „јавно URL“.
Тоа „јавно URL“ потоа може да се сподели со луѓето кои не се активни на Инстаграм или не го следат корисникот кој ги објавил тие фотографии.
„Тоа е како кога некој ќе направим принтскрин од објавата на приватен корисник и ќе ја сподели со друга личност, меѓутоа тоа не знчаи дека може да се има пристап до приватниот профил“ - искоментираа за BuzzFeed од Фејсбук.
Сепак, мора да напоменеме дека овој трик не успева секогаш.
# Како да им ги видите фотографиите на личностите на кои им е заклучен Инстаграм профилот?
Со користење на Google, може да пронајдете некои објави поврзани за приватниот Инстаграм профил кој ве интересира.
Тоа можете да го направите така што во полето за пребарување ќе го копирате називот на тој профил, односно корисничкото име на таа личност, а потоа ќе кликнете на Image Search, односно на пребарување по фотографиите.
Постојат големи шанси дека ќе ви се појави некоја од фотографиите на таа личност.
Исто така, можно е да налетате на означени фотографии од таа личност, но и фотографии од таа личност, која има профили на други социјални мрежи.
# Како анонимно да гледате стори на Инстаграм?
На социјалните мрежи во последно време се зборува дека е можност да гледаат сторињата на сите корисници на Инстаграм, без да го пишува вашето име на листата на оние кои го погледнале. За овој облик на „следење“ многу користат веб-страници како што е на пример Inflact.
Кога ќе ја посетите оваа веб-страница, потребно е да кликнете на Tools > Profiles > Stories Viewer, а потоа во полето за пребарување да го внесете корисничкото име на „жртвата“, која сакате да ја следите.
Потоа Inflact ќе ви ги прикаже посакуваните сториња, а вие ќе останете анонимни. Дури ќе ви понудени да ги преземете фотографиите на својот уред.
При користењето на оваа страница дури не е потребно ни да се логираш. Единствено заклучените профили не се изложени на ваков преглед. Сепак, на оние кои може да ги видите, ќе бидете прикажани под корисничкото име Viewer for Instagram.
Важно е да се напомене дкеа никогаш не можеме да бидеме сигурно дали ажурирањата на Инстагра ќе ја укинат анонимноста.
фото: unsplash.com