Како изгледа денес Милица Мајсторовиќ од „Операција Триумф“: Се повлече од јавноста, заврши глума, се омажи, а сега се враќа на музиката (ФОТО)
Младата пејачка во музичкото натпреварување привлече големо внимание, а јавноста го следеше нејзиниот бурен живот и неколку години подоцна...
Музичкото натпреварување „Операција Триумф“ се емитуваше во 2008/2009 година, а учесниците беа многу популарни. Една од оние кои се издоија беше Милица Мајсторовиќ од Крагујевац, на која ѝ предвидуваа блескава иднина.
По натпреварувањето, ја сними песната „Савршен пар“, која беше голем хит, а нејзиниот приватен живот ги полнеа страниците на српските весници. Се пишуваше дека наводно се обидела да изврши самоубиство, но таа го демантираше тоа и наведе дека само испила премногу алкохол и дека родителите ја пронашле на подот во тоалетот и ја однеле во болница.
Исто така, се наведуваше деа косата ѝ паднала поради големиот стрес со кој тогаш секојдневно се соочувала.
Се пишуваше многу и за нејзиниот приватен живот, па се појавија наводи дека била во врска со Скај Виклер и спортистот Иван Ленѓер, но дека и двете романси завршиле неславно.
Милица денес живее поинаков живот. Омажена е за Ѓорѓе Лазовиќ, заврши глума и се посвети на работата. Освен во сријата „Жене са Дедиња“ и „Фолк“, таа привлече големо внимание со улогата на Јефимија, ќерката на Стефан Немања во серијата „Немањиќи - раѓање краљевине“.
Музиката не ја запоставува. Настапи на фестивалот „ЕГЗИТ“, снима кавери за познати песни, а пред крајот на минатата година, на Инстаграм најави дека по долго време снима дует, и дека е нетрпелива да го сподели со публиката.
фото: Принтскрин / Инстаграм