Како Кејт, Меган и принцот Хари се појавија во „Малата сирена“: Дали со ова Дизни јасно порача на чија страна е?
Еден филмски рецензент ги откри суптилно скриените пораки во филмот...
Иако „Малата сирена“ пристигнува во кината кон крајот на месец мај, на Интернет се објавени различни тизери и трејлери преку кои добивме можност да ѕирнеме што ќе се случува во филмот.
Но, еден рецензент на филмот, кој добил можност пред сите да ја изгледа оваа филмска проекција, со американскиот магазин „Page Six“ ги сподели своите необични мислења.
Наводно, низ филмот се провлекуваат суптилни, но навредливи споредби помеѓу Меган Маркл и принцот Хари од една страна и двата главни лика: Ариел (која е со црна боја на кожата) и принцот Ерик (кој е со бела боја на кожата).
Но, во една од сцените, филмскиот критичар навистина ја забележал споредбата со „афера Мегзит“ и напнатите односи во англиското кралско семејство, особено помеѓу Кејт и Меган.
„Ариел го жртвуваше својот глас за да излезе на површината и да го запознае принцот Ерик. Таа не може да зборува, па тој се обидува да го погоди нејзиното име. Неговата прва претпоставка е Дајана. Неговата втора претпоставка е Кетрин, а потоа Ариел и згрозена реакција“ - кажал за „Page Six“ непознатиот извор кој смета дека Дизни со ова ја одбрал страната на Меган Маркл.
Имено, самата Меган во интервјуто кај Опра ја повлече споредбата помеѓу себе и Ариел, велејќи дека се заљубила во принц и поради тоа го изгубила гласот.
„Дизни би бил неискрен, кога би имплицирал дека изборот на имиња е случаен“ - кажа неименуваниот филмски рецензент додавајќи дека Дајана е името на мајката на Хари, а Кетрин името на неговата снаа и дека тука сѐ е е кристално јасно.
фото: Принтскрин / Инстаграм