Како мирисаат твоите идоли: 8 омилени парфеми на познатите ѕвезди

Како мирисаат твоите идоли: 8 омилени парфеми на познатите ѕвезди

Објавена во: Мода // Moj стил

Сега и ти можеш да мирисаш како нив

Во интервјуата или пак објавите на социјалните мрежи многу познати лочности открија кои парфеми им се омилени и кои ги пористат постојано. Неодамна ви откривме кои парфеми ги користат жените од кралското семејство, а сега во продолжение дознајте за кои се одлучија познатите дами.

# Хајли Бибер - Bond No. 9 West Side

Во интервју за Elle Australia, Хајли Бибер откри дека на неа најдраг парфем и е Bond No. 9 West Side, бидејќи мирисот не и „премногу женствен“ и може да го замисли и на оммците - а, и го познава многу дорбо, бидејќи и Џастин го користел одреден период, иако не е унисекс.

# Ријана - Kilian Love, Don't Be Shy

Ријана ја прогласија за позната личност која најдобро мириса. Многу познати личности, кои се нашле во нејзина близина, пред неколку месеци на Твитер коментираа дека таа со гаранција е позната личност која користи најдобар парфем. Новинарот Harper's Bazaaar откри дека Ријана го користи парфемот на Килиан, Love, Don't Be Shy.

# Џиџи Хадид - Giorgio Armani Acqua di Gioia 

Иако Џиџи се појавува во бројни реклами за парфеми, во последно време најмногу мириса на брендовите Tom Ford и Tommy Hilfiger, а во едно интеревју, Џиџи призна дека и се драги парфемите за кои е заштитно лице, но и дека еден од ултимативните фаворите и е Acqua di Gioia.

# Тејлор Свифт - Tom Ford Santal Blush

Некои од големите обожаватели на пејачката, кои се нашле на тајна приватна свирка на Тејлор открија на Reddit дека најдраг парфем и е овој од Tom Ford.

# Ешли Бенсон - Chanel Coco Mademoiselle 

Актерката позната по улогата од „Слатки мали лажговци“ се држи до класика кога се парфемите во прашање. Иако беше заштитно лице на парфемот кој го издаде Cosmopolitan и кој исто така го сака, сепак фаворит и е Chanel.

# Луси Хејл - Le Labo Gaiac 10

Кога во интервју за Byrdie, Луси требаше да одбере само 5 производи за убави кои би ги земала со себе на пуст остров, еден од тие производи беше и овој парфем. Луси го обожава, а истиот може да се купи само во Токио, Јапонија. 

# Камила Кабелјо - Chanel No 5

Камила во неколку прилики откри дека ова и е омилен парфем. „Сите неволи ќе заминат со малку Chanel No 5 на вратот“ - тврди Камила. Дали овој парфем и помогна во освојувањето на Шон Мендес?

# Кајли Џенер - Kim Kardashian West's Eau de Parfum Spray

Од Кајли би очекувале дека е и омилен толку скап парфем, што за него никогаш не би можеле да соберете пари, но изгледа дека Кајли е верна на семејниот бренд и производите кои ги креираат постарите сестри. Па така омилен парфем и е од брендот KKW.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: