Како модел: Ариана Гранде го „запали“ Инстаграм во преубав фустан кој ѝ ја следи линијата на телото

Како модел: Ариана Гранде го „запали“ Инстаграм во преубав фустан кој ѝ ја следи линијата на телото

Објавена во: Мода // Moj стил

Ариана Гранде секогаш е во фокус што и да направи, па некогаш е доволно и да облече фустан со кој ќе ги воодушеви следбениците на Инстаграм. Сепак, пејачката овие денови секако е во центарот на вниманието поради првиот трејлер на новата сезона „The Voice“ во која таа за првпат ќе биде член од жирито. Дека прослави за сето ова, таа покажа со фотографијата на која не изгледа посреќна и поубава од било кога!

Имено, на Инстаграм моментално е тренд нејзиниот нов тесен фустан со боја на чоколадо, а Ариана во една објава го покажа фустанот од сите страни, но не остана должна ни кога е во прашање нејзината убава насмевка. Објавата веќе има повеќе од 8 милиони лајкови, а е поминат само еден ден откако е објавена.

Со оглед на тоа колку важен инфлуенсер е пејачката, не би не изненадило доколку овој модел на чоколаден фустан заживее во сите можни продавници за облека. 



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: