Како настана радосното мече Вини Пу: Од каде инспирацијата на авторот?
Веднаш по објавувањето, збирката приказни „Вини Пу“ доби огромна популарност. Сите знаеа за неговото создавање, бидејќи авторот во воведот објасни од каде ја добил инспирацијата.
Ален Александар Милн, кој се потпишуваше како А. А. Милн и по повеќе од 60 години од својата смрт, важи за еден од најуспешните книжевни уметници.
Бил трето дете во петчленото семејство, роден на 18 јануари 1882 година во Лондон. Својот талент започнал да го искажува уште во детските денови, а за време на студирањето на Кембриџ, се преодредил за пишувањето.
Учествувал во Првата светска војна, а кога се вратил во родниот град, се оженил со Дороти де Селинкорт со која имал син - Кристофер Робин, кој со своите кадифени играчки го инспирирал да ја напише приказната за мечето Вини Пу и неговите пријатели.
Во 1925 година, Милн со семејството се преселил во куќа во Харфилд, мало село во источен Сасекс. Фармата била окружена со голем парк, кој по својата флора и фауна потсетувал на шума. Кристофер Робин секојдневно се качувал по дрва, скокајќи, трчајќи и секаде со себе ги носел своите кадифени играчки - мечето Едвард и лебедот - Пуа. Кристофер брзо го сменил името на мечето во Вини, по кафената мечка од лондоската зоолошка градина.
Додека ја следел играната на неговиот син, А. А. Милн добил идеја за збирка приказни за деца. Потполно маѓепсан, брзо ја напишал книгата „Вини Пу“, која е објавена во октомври 1926 година, а две години подоцна и нејзиниото продолжение.
Ликовите во книгата се момчето Кристофер Робин и животните - радосното, смотано, но благородно мече Вини Пу, тигарот Тигер, магарето Ијор, прасето Пиглет, мајката кенгур Кенга и нејзиното бебе Ру. Приказните ги прикажуваат нивните секојдневни случки.
Веднаш по објавувањето, книгата стана неверојатно успешна. Сите ја знаеа приказната од реалниот живот која стои зад неа, бидејќи во воведот на првото издание, истата била објаснета. Ова доведе го голема популарност на Милн и неговиот син, бидејќи сите знаеле за нивниот лик.
Кристофер Робин тогаш и понатаму бил момче, па ова во голема мера му го променило животот. Поради тоа често имал мали недоразбирања со татко му. Преживеал разни пријатни и непријатни ситуации, па подоцна потполно се повлекол од јавноста.
Оргиналните кадифени играчки на Кристофер Робин - Пу и неговите пријатели - денес се изложени во јавната библиотека во Њујорк.