Како од старата гардероба да направиш нови тренди парчиња?
Сигурно барем еднаш ја имаш изговорено онаа позната женска реченица „Немам што да облечам“ иако плакарот ти е полн со алишта. Океј, разбираме тоа се парчиња од претходната сезона, но сега имаш време колку што е потребно за малку да си „поиграш“ со нив, а воедно да ги претвориш во тренди парчиња. Особено ќе сакаш да ги носиш, бидејќи самата ќе биде заслужна за нивното редизајнирање.
Ти претставуваме три идеи кои лесно ќе можеш да ги спроведеш во дело.
# Искината тексас јакна
Оваа сезона искинатите тексас јакни дефинитивно се во мода, а зошто да даваш пари за таква јакна, кога можеш од старата да добиеш одлично парче облека. За оваа креација потребни ти се ножици и еден стар брич.Внимателно со него иако мислиш дека е тап.
Слободно исечи ја јакната на местата каде што сакаш, а со бричот изгреби ја површината на тексасот, така што ќе го отстраниш првиот слој, а тоа место ќе се проѕира. Можеш со бричот да поминеш и околу ракавите или јаката, затоа што на тој начин ќе добиеш впечаток на „стар тексас“.
# Ново здолниште
Доколку ти кажеме дека за ова е доволно да го исечеш своето старо здолниште, не плаши се, не мислиме да го упропастиш. Земи некое здолниште со еластин, кое може да ти биде до колена или скроз долго и едноставно исечи го долниот дел на ленти. Внимавај да не претераш, туку гледај површината која ја сечеш да биде една третина од целото здолниште.
# Балетанки со ремени
Сигурно имаш барем еден пар балетанки кои ти здосадија, но и понатаму се удобни. Зошто од нив да не направиш потполно нов пар обувки, кои со задоволство ќе ги носиш со разни комбинации. За ова потребни ти се лепак и прав што светка или пак ременчиња, кои можеш да ги купиш во секоја продавница каде има производи за луѓе кои имаат вакво хоби. Се што треба да направиш е внимателно да ги намачкаш балетанките со лепак, само од надворешниот дел, а потоа рамномерно да ги испрскаш со светкавиот прав.