Како вратени од плажа: DIY спреј замена за морска вода - косата ја прави прекрасна

Како вратени од плажа: DIY спреј замена за морска вода - косата ја прави прекрасна

Објавена во: Moj стил, DIY

Оваа година ќе паузирате од одење на море, но сепак копнеете по прекрасната коса, каква што имате на плажа? Следете го овој рецепт за да добиете „море во шише“.

Дознајте кои состојки се потребни за едноставен DIY солен спреј кој ќе ви овозможи да имате благи, лежерни бранови за време на целата година, а не само кога сте на летување.

Понекогаш мислиме дека фризурата најубаво ни изгледакога не се мачиме премногу со неа. Правиме локни со фигаро, ја исправуваме со пегла, правиме комплицирани пунџи, опавчиња и плетенки, но косата секогаш ни е најубава кога ќе се вратиме од плажа. Сонцето, морската вода и влага во воздухот се магичните состојки кои нашата коса тогаш ја прават брановидна и прекрасна. Но, дали знаете дека сличниот ефект може да го постигнете и дома? Секако, процесот на добивање на овие совршени фризури не е толку опуштен како капење во море, но не е ни толку комплициран како што мислите.

За овој спреј, кој го нарекуваат „море во шише“ ќе ви бидат потребни само неколку состојки, а поголемиот број од нив веќе ги имате дома. За да го направите овој магичен спреј потребни ви се:

# шише со прскалка;

# 250 милилитри топла вода;

# 1 лажица морска сол;

# 1 лажица растопено кокосово масло;

# 1 лажица гел за коса или регенератор.

За почеток, во шишето ставете ја топлата вода и додајте ја морската сол. Силно потресете го и промешајте го додека солта не се растопи. Во посебен сад измешајте го кокосовото масло и регенераторот и додајте ја таа смеса во водата и солта. Регенераторот и кокосовото масло ќе добринесат за создавање на идеална текстура, а воедно и ќе ја негуваат твојата коса. Доколку сакате, во оваа мешавина може да ставите и неколку капки етерично масло по избор (на пример масло од јасмин, лаванда или нане) за вашиот спреј да има освежувачки мирис.

Овој спреј нанесете го во мала количина на косата исушена со крпа. Доколку косата ви е долга фокусирајте се само на врвовите, бидејќи се сомневаме дека сакате кокосово масло во близина на скалпот. За совршена текстура како на плажа, стиснете ги врвовите за да направите благи бранови, а косата исушете ја природно или употребете фен со дифузер. Ќе добиете лежерна фризура која совршено ќе ја нагласи природната текстура на вашата коса, без разлика дали е брановидна или полна со локни. Но, она што е најдобро е тоа што лесното подготвување на овој DIY спреј ќе ви овозможи во текот на целата година да изгледате како прекрасна морска сирена.


Објавена во: Moj стил, DIY

Можеби ќе ве интересира: