Каков избор: Кокошка го патува светот со својот сопственик
Французинот Guirec Soudee патува низ светот со желба да ги исполни своите соништа. Сопатник во овие авантури му била кокошката Monique, која како што вели тој, сака брод и океани.
Monique е 7 - годишна кокошка и единствена сопатничка на французинот Guirec Soudee на патувањата. Тој ја избрал кокошката бидејќи освен за добро друштво, таа му била извор за храна.
Размислувал на авантурата со себе да понесе мачка, но таа барала повеќе внимание. Вака била донесена одлуката за тогаш 5 - месечната Monique.
Заедничкото патување низ светот го започнале на Канарските острови во 2014 година.
„Со оглед на тоа дека Monique е од Канарските острови, на почетокот не се разбиравме. Јас не зборував шпански, таа не зборуваше француски“ - се шегува овој французин со авантуристички дух.
Желбата на Guirec е да сподели со другите љубовта кон морето, а да ја пренесе желбата за авантура на оние кои ќе слушнат за него.