Каква среќничка: Норт Вест доби можност да настапува со Кети Пери на сцена (ВИДЕО)
Кети Пери овој викенд настапи во Лас Вегас, а потоа на сцената повика неочекувана гостинка.
Можеш да уживаш во друштво на ѕвезда од А-листата ако си ќерка на Ким Кардашијан. Кога Кети Пери ја повика, 9-годишната Норт многу самоуверено се качи на сцената и заработи громогласен аплауз.
Кети кажа дека го знае нејзиното име, бидејќи редовно ги следи нејзините објави на ТикТок, а таму забележала и колку фантастична танчерка е, па затоа ја повикала на сцената за на светот да му ги покаже своите движења.
Откако ја замолила да танцува, Норт имала само едно барање.
„Може ли да дојдат и моите пријатели“ - на што Кети искоментирала дека тоа е прекрасно, а на сцената ѝ се придружиле уште 3 пријателки.
Исто така, Кети ја прашала Норт што сака да биде кога ќе порасне.
„Сѐ“ - кратко и јасно одговорила Норт и ја насмеала публиката.
Гордата мајка Ким за сето тоа се пофалила на својот Инстаграм профил, додека ја снимала својата ќерка од публика, а со друштвото на сцена се пофали и Кети Пери на својот Инстаграм профил.
„Искрено, јас сум најголем обожавател на Кети Пери и не го зборувам тоа затоа што си овде“ - ѝ кажала Кардашијан на пејчаката зад сцената, на што Кети се разнежнила.
фото: Принтскрин / Инстаграм