Какви се реакциите на новата „Bridgerton“ серија: Треба ли да ја изгледаш?

Какви се реакциите на новата „Bridgerton“ серија: Треба ли да ја изгледаш?

Објавена во: Stars // Филм

Ново на Нетфликс...

Новата „Bridgerton“ серија само што излезе, а некои уште веднаш ја изгледаа цела. Вреди ли да се троши време на неа или е попаметно да се заобиколи? Еве какви се реакциите и коментарите.

Оригиналната „Bridgerton“ серија сите не освои уште со првата сезона. Од тогаш, со нетрпение ја очекуваме секоја следна. Со оглед на позитивните реакции кои ги доби од гледачите на оваа серија, Нетфликс одлучи да ја искористи таа популарност и да сними нова „Bridgerton“ серија. Без грижи, тоа не значи дека оригиналната ќе престане да се снима, имаат материјал за уште многу сезони, ако може да им се верува на книгите. Новата серија која што излезе неодамна, се вика „Queen Charlotte: A Bridgerton Story“ и како што можеш да претпоставиш од насловот, ја следи приказната за кралицата Шарлот.

Таа е лик и во оригиналната „Bridgerton“, а во оваа серија ја гледаме во нејзините млади денови. Каква е серијата и какви се сега реакциите на оние кои веќе ја изгледале? Ако може да се суди по социјалните мрежи - одлична е.


На Твитер има сѐ повеќе позитивни коментари од воодушевените гледачи. Многу од нив пишуваат дека оваа серија е всушност подобра од останатите сезони на „Bridgerton“ кои досега можевме да ги видиме.



Коментарите на луѓето и на Imdbсе исто така позитивни. Од оние кои велат дека е подобра отколку што очекувале до оние кои велат дека е толку добра шот морале да ја изгледаат во еден ден, бидејќи не можеле да застанат. Секако, има и такви на кои не им се допаѓа и кои велат дека серијата е разочарувачка и дека приказната не е интересна. Таквите коментари се во помал број и скоро па и ги нема. 

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: