Камерата ги крати центиметрите: Познати личности за кои не сме знаеле дека се толку високи

Камерата ги крати центиметрите: Познати личности за кои не сме знаеле дека се толку високи

Објавена во: Музика, Филм

Долга е листата на познати личности со долги нозе...

Се вели дека камерата додава килограми, но можно ли е да ги одзема центиметрите?

Кога ќе ги видиме на црвениот килим, во видеата или филмовите, често не можеме да добиеме исправна перцепција колку всушност се високи познатите. Поради тоа што одлучивме висината да ја сведеме на бројки, а мораме да признаеме дека за некои од овие познати личности никогаш не би кажале дека се толку високи. Непишаното правило на Холивуд гласи - ниските мажи и високите жени потешко ги добиваат посакуваните улоги. Иако висината на никаков начин не влијае на нивниот талнет, агенциите за кастинзи ги избегнуваат таквите актери, бијдеќи нема да изгледаат пропорционално на филмовите. Но, висината може да биде и предност, особено во професиите како моделингот, каде што долгите нозе се еден од клучните критериуми. Во продолжение е листата на највисоки познати личности во музичката, модната и филмската индустрија:

# Зендаја - 178 центиметри

Прекрасната актерка во едно интервју призна дека се плашела од тоа дека нема да ја добие улогата во филмот „Spiderman: Homecoming“, бидејќи била превисока во споредна во главниот актер Том Холанд.. Очигледно немала од што да се плаши.

# Блејк Лајвли - 178 центиметри

Познатата актерка е доказ дека и покрај висината и понатаму можеме да носиме високи потпетици, од кои не се симнуваше за време на серијата „Gossip Girl“.

# Клое Кардашијан - 177 центиметри

Признаваме, отсекогаш претпоставувавме дека Клое е висока, особено во споредба со нејзините сестри Ким и Кортни, кои се високи 159 и 155 центиметри.

# Кендал Џенер - 179 центиметри

Уште една висока Кардашијан / Џенер сестра. Познатата убавица не се срами од својата висина. Таа, исто така и помогна да се пробие во светот на моделингот, а Кендал сега важи за една од најубавите супер модели во оваа индустрија.

# Џиџи Хадид - 179 центиметри

Секако и супермоделот Џиџи Хадид мораше да се најде на оваа листа. Таа е дури неколку центиметри повисока од своето долгогодишно момче, пејачот Зејн Малик, кој е висок 175 центиметри.

# Тејлор Свифт - 178 центиметри

Мораме да признаеме дека преку малите екрани е тешко да се забележи дека Тејлор е навистина толку висока.

# Шон Мендес - 187 центиметри

Прекрасниот поп пејач е скоро 30 центиметри повисок од својата девојка Камила Кабелјо.

# Ноа Сентинео - 185 центиметри

Познатиот актер е како од класичната дефиниција за совршен маж - висон, црн и згоден.

# Карли Клос - 188 центиметри

Иако многумина и завидуваат на висината, Карли призна дека долго се чувствувала неудобно во сопственото тело. Кој би рекол дека и моделите на Викторија Сикрет имаат свои несигурности?

# Рос Батлер - 191 центиметар

Презгодниот актер поради својата висина и градба често глуми спортист, а обажававме да го гледаме во како тренер во серијата „13 Reasons Why“.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: