Камерите забележаа неочекуван момент: Погледнете како реагираше Маргот Роби кога ги забележа пријателите од средно (ВИДЕО)

Камерите забележаа неочекуван момент: Погледнете како реагираше Маргот Роби кога ги забележа пријателите од средно (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Другарство

Оваа спонтана реакција е доказ, дека и покрај поппуларноста, таа и понатаму ги почитува луѓето од своето минато...

Маргот Роби моментално престојува во родната Австралија, каде беше на премиерата на својот филм „Babylon“.

Во моментот додека му одговара на прашањата на новинарот Џастин Хил, камерите забележале една симпатична сцена на црвениот килим.

Имено, нејзините пријатели поминувале на улицата и кога ја забележале, почнале да ѝ викаат: „Еј, Магот“.

Актерката во тој моменто го прекинала интервјуто со Џастин, развлекла широка насмевка на лицето, потскокнала и воодушевено ги поздравила пријателите.

„Пријатели сме од четири години“ - кажала Маргот, додавајќи дека со нив одела во средно училиште.

Овој момент на својот Инстаграм профил го сподели и самиот водител, а покрај видеото напиша дека не може да си поверува дека сведочел на овој среќен момент.

Така јавноста дозна дека Маргот имала многу необичен прекар во детството: Магот“, а исто така сфативме дека популарноста не ја удрила во глава, и дека без оглед на истата и понатаму ги познава и цени своите пријатели од детството.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: