Камила Кабелјо им ги затвори устите на хејтерите: Добиваше навреди дека е дебела, а сега објави нови фотки во бикини
По разделбата, Камила работи со полна пареа...
Камила Кабелјо во последно време беше во центарот на вниманието, но не од позитивни причини. Луѓето одлучија дека е во ред да ја нападнат и да ѝ пишуваат коментари дека е дебела, откако пред некое време папараците ја уловија на плажа.
Сè повеќе почнаа да се појавуваат неуредени фотографии од неа и на луѓето им покажа дека ниту познатите личности не секогаш изгледаат онака како што сме навикнати да ги гледаме, затегнато и „совршено“. Многу луѓе „удрија“ по неа поради тежината и поради тоа како нејзиното тело изгледа. Сè започна со фотографиите од плажа. Камила веднаш им даде до знаење на сите дека тоа е нејзино тело и дека нема потреба да го коментираат нејзиниот изглед, бидејќи тоа навистина нема врска со нив, а дури во еден момент призна и дека морала да направи пауза од социјалните мрежи, бидејќи едноставно ѝ било премногу.
Сега Камила им ги затвори устите на хејтерите. Пред некое време објави нова фотографија во бикини, на која ги покажа резултатите од вежбањето. А, сите кои ѝ оставаа грозни коментари, сега немаа што да ѝ кажат. Имено, Камила го затегна своето тело, а хејтерите сега ќе се пуштат во потрага по нова жртва.
Да, фотографијата не е уредена, а дека тоа е така, докажа и видеото од тренингот кое го објави вчера, а во кое го покажа телото во спортска комбинација.
Изгледа среќно и здраво, а иако телото не ѝ како што можеби Холивуд очекува од неа, Камила им покажува на своите обожаватели дека не се грижи за коментарите на сметка на својот изглед и дека е во ред некогаш да не се задоволат критериумите кои општеството ги поставува.
фото: shawn.camila_lover i camila_cabello / Instagram