Фотките од плажа на Камила Кабелјо стана вирални: Луѓето започнаа да ја навредуваат поради изгледот

Фотките од плажа на Камила Кабелјо стана вирални: Луѓето започнаа да ја навредуваат поради изгледот

Објавена во: Мода // Moj стил

Нејзините обожаватели брзо скокнаа во одбрана...

Затоа што постојано ги гледаме познатите во совршени изданија, понекогаш забораваме дека и тие се луѓе од крв и месо кои не изгледаат секогаш затегнато и совршено. Камила се прошета на плажа во бикини и покажа како изгледа, а многу луѓе го искористија ова за да започнат да ја навредуваат.

Луѓето на интернет кои се хранат со „хејтање“ и навреди само чекаат да се појави нешто на кое ќе може да ја насочат целата своја омраза. Последниот „хејт“ беше насочен кон фотографиите од Камила Кабелјо. Камила и Шон одлучиле да го поминат денот на плажа, но секако дека фотографите ги имаа уловено и ги имаа објавено фотографиите. Тие за целото време се забавуваа и изгледаат слатко како секогаш, но она што луѓето почнаа да го коментираат е изгледот на Камила. Нејзинито тело повеќе не е затегнато и мускулесто или анорексично, туку изгледа како нормална девојка.

И тоа не беше доволно за сите да свртат против неа. Количината на „хејт“ која дојде одеднаш е неверојатен. Обожавателите веднаш „скокнаа“ во обрана и на Твитер ѝ ја дадоа својата поддршка. Од тоа дека изгледа како нормална девојка до тоа дека треба да се нормализира дека секое тело е „beach body“.

Ова не е првпат Камила да биде мета на „хејтерите“, поради тоа како изгледа на плажа. Затоа, пред да почнеш да осудуваш некоја девојка според тоа како изгледа на плажа, сети се:



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: