Карактеристики кои секогаш ги наследуваме од таткото: Една од овие пет е многу важна за сите нас
Нешто што нема да го научиш на часот по биологија...
Сега можеш да дознаеш некои работи на основа на тоа како изгледа твојот татко. Некои гени ги зимаме од мајките, но овие 5 секогаш ги добиваме од татковците.
Сите сме слика и прилика на своите родителите, дури и повеќе отколку што мислиме. Сега можеби не ти изгледа дека личиш на мајка ти или татко ти, но кога ќе пораснеш ќе забележиш некои нивни карактеристики и кај себе. Дел од карактеристиките ги наследуваме од мајките, а дел од татковците, но сепак, науката вели дека постојат дури 5 работи кои секогаш, без исклучок, ги наследуваме од татковците. Еве за што можете да му се заблагодарите на вашиот тато, кога е вашиот физички изглед во прашање:
# Висината
Ако татко ти е понизок, а мајка ти висока, за жал, ќе мора да те разочараме. И ти ќе бидеш со низок раст. Ова е една од карактеристиките кои се добивата од страна на таткото. Иако за висината на луѓето одлучуваат 700 генетски варијации, од двата родители, од гените на таткото ги собираме оние кои се однесуваат на стимулацијата на растот, пишува Brightside.
# Нерамни заби
Доколку таткото има проблематични и нерамни заби, тогаш и детето, поточно ти, ќе одиш на чести посети кај стоматолог. Од количината на кариес, до тоа како ти растат забите и дали ти се рамни, сигурно ќе наследиш сѐ од татко ти. Сигурно никогаш немаш придавано важност на забите на татко ти и неговите посети кај стоматолог, но би требало.
# Дупчиња на образите
За некои дупките на образите се преслатки и ја прават личноста попривлечна, на други им пречат и не се среќни затоа што ги имаат. Научниците ги опишуваат дупките како дефект што настанува поради тоа што личноста има скратени мускули на лицето. Дупките се наследни, и повторно, од таткото.
# Отпечатокот од прст
Иако на светот не постојат две личности кои имаат ист отпечаток, но кога се раѓаме, нашиот отпечаток многу наликува на оној кој го има нашиот татко. И нив ги наследуваме од нашите татковци.
# Кивање
Постојат личности кои почнуваат неконтролирано да киваат кога гледаат во сонце или некоја друга силна светлина - и тоа е уште нешто што се наследува од таткото. Ова е навистина состојба која дури има и назив „Achoo syndrome“. Ако твојот татко го има овој синдром, ќе го имаш и ти со гаранција.
фото: unsplash.com