Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Објавена во: После „Школо“ // PR

Вечерва (07.05.2024) караванот „Не е до нив, до тебе е“ патува до својата крајна станица во Drunken Monkeys во Скопје, во 21:00 часот. Диџеј Мац и актерот Бојан Кирковскиви ја закажуваат последната средба и како и досега, ветуваат одлична атмосфера, со добра музика и урнебесна смеа. Дојдете во Drunken Monkeys за да уживате во настапот на Бојан Кирковски и да се потсетите на најважната граѓанска должност, преку моќта на хуморот.

Пораката „Не е до нив, до тебе е“ патуваше во повеќе градови низ Македонија, односно во Струмица, Штип, Велес, Куманово, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид и во повеќе локации низ Скопје - Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Градски Парк, а вечерва ќе пристигне повторно во главниот град.

Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и бидете дел од публиката на стенд ап настапот на Бојан Кирковски во Drunken Monkeys.

Благодарение на оваа кампања, секој од нас посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ја искористиш оваа прилика и да дојдеш на последната станица од Караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„. 

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: