Кардашијан ги налутија обожавателите: Одвратно и неприфатливо

Кардашијан ги налутија обожавателите: Одвратно и неприфатливо

Објавена во: Совети // Семејство

Клои Кардашијан на Инстаграм објави дел од емисијата Keeping Up With the Kardashians и обожавателите ја нападнаа неа и целото нејзино семејство, а причината е прилично оправдана.

Имено, во видеото кое Клои го објави, нејзината мајка Крис и сестрите Ким и Кортни фрлаат храна на неа и сето тоа ги вознемири луѓето на интернет па своето незадволство го искажаа во коментари, јавува Cosmopolitan.

„Токму сега некаде во светот некој нема пари да си купи храна“, „Ова е толку безчувствително. Постојат луѓе кои едвај може да си дозволат појадок“, „Засрамете се. Некој би дал се што може за оваа храна. Одвратно“ и „Колку луѓе сега умираат од глад во светот?“ - ова се само некои од коментарите под видеото кое го сподели Клои.

Дури и самата таа во еден момент вели дека ваквото однесување и фрлање на храна е неприфатливо за сите кои се малку нормални. „Ова е бизарно, вознемирувачко и неприфатливо во животот на секоја нормална личност“ - вели Клои.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: