Карди Б: „Морав да крадам за да преживеам“!
Конечно проговори за обвинувањата дека дрогирала мажи и крадела од нив во минатото кога имала друга професија.
На Интернет кружи видео кое старо 3 години во кое познатата раперка говори за подвалувањето дрога на своите тогашни „муштерии“ за да може да краде од нив – пишува Cosmopolitan.
„Ги дрогирав и крадев од нив, ете што работев“ – опиша Карди Б за својата претходна професија.
Имено, на Инстаграм ја прокоментира целата ситуација со емотивна порака и тоа само за своите фанови.
„Никогаш не сум пишувала музика за тоа бидејќи ми е срам“ – вели Карди Б и додава: „Тоа го работев бидејќи немав други опции. Имам среќа што сум вака благословена што веќе не морам да живеам така“.