Кариерата пресудила: Поранешната на принцот Хари проговори за нивната врска и разделбата

Кариерата пресудила: Поранешната на принцот Хари проговори за нивната врска и разделбата

Објавена во: Живот // Живот

Поранешната девојка на принцот Хари, манекенката и актерка Кресида Бонас, неодамна даде интервју во кое проговори за нивната врска.

Имено, врска помеѓу (поранешниот) принц и актерката траела отприлика околу две години и тоа помеѓу 2012 и 2014 година. Медиумите брзо дознале за нивната врска, но долго по неа не била позната причината за нивната разделба, пишува Marie Claire.

Кресида во едно неодамнешно интервју за „The Daily Telegraph“ откри дека во тој период, кога врската помеѓу неа и принцот станувала посериозна, таа сфатила дека не била подготвена да бидел дел од кралското семејство, што најмногу пресудило за нивниот однос.

Сметала дека тоа е преголем притисок и имала чувство дека би била приморана да се одрече од нормалниот живот и сопствената слобода кога би станала дел од кралското семејство и би морала да ги прифати сите протоколи и правила на нивниот начин на живот.

Кресида сепак се фокусирала на својата актерска кариера.

„Морав да работам многу, многу напорно, го сакам она што го работам и се надевам само дека мојата нова улога на луѓето ќе им покаже што можам и што би сакала да правам во иднина. Среќна сум што излегов од кутијата во која можеби можев да останам доколку сакав така“ - призна таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: