Карлеуша го носеше најмалиот ранец на светот кој чини 35.000 денари: Што ѝ собира во него?

Карлеуша го носеше најмалиот ранец на светот кој чини 35.000 денари: Што ѝ собира во него?

Објавена во: Живот // Живот

Најголеми брендови, најмали чанти...

Сите добро знаеме дека во секоја женска чанта се крие црна дупка која одеднаш го „голта“ сето она што успеваме да го ставиме во толку мала чанта.

Но, кога ќе ја видите оваа чанта нема да може да си поверувате.

Популарната пејачка Јелена Карлеуша пред два дена сподели фотографија од авион, додека на раката има Луј Витон ранче, кое по големината би можело да биде аксесоар за Барбики.

„Фокусирајте се на своите позитивни мисли и бидете благодарни на малите работи. (Мали како моето Луј Витон ранче)“ - напиша во описот на фотографијата.

Иако можеби успеа да ја спакува маската во својата чанта, цената на овој аксесоар се движи околу 35.000 денари. Цената е откриена, но содржината во ранчето засега ќе остане мистерија.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: