Карлеуша се прости од младиот пејач Немања Вуковиќ, имале посебен однос: Верував во него (ФОТО)
Јелена Карлеуша се прости од Немања Вуковиќ преку социјалните мрежи и му посвети трогателни зборови.
Веста за смртта на младиот пејач Немања Вуковиќ ја потресе естрадата во регионот, а негови бројни колеги и приајтели се неутешни и се простуваат од него преку социјалните мрежи.
Помеѓу нив е и Јелена Карлеуша, која беше негова менторка во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, во кое се натпреваруваше и заради кое стана популарен. Таа на својот Инстаграм профил му посвети трогателни зборови.
„Со голема тага го пишувам ова. Почина Немања, мојот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“. Нереално талентиран, културен, убав, млад... На ова видео имаше 18 години. Длабоко сочувствувам со болната на неговото семејство и им изразувам сочувство. Нека универзумот ви даде сила да ја издржите загубата. Почивај во мир, Немања. А, јас знам дека енергијата не може да умре. Само го менува обликот и оди понатаму...“ - напиша Јелена на сторито кое го сподели на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм