Кажете им збогум: 3 модни додатоци кои не ги носи ниту една девојка која има стил
Време е на овие додатоци да им кажете збогум, бидејќи повеќе не се во тренд...
За секоја комбинација да биде посебна и впечатлива многу се важни добро избраните модни додатоци. Бидејќи модата се менува многу брзо, така и модните додатоци кои минатото лето беа ИН, сега повеќе не се.
Во продолжение ви ги претставуваме трите кои би требало да ги избегнувате, ако сакате да бидете во тренд.
# Ленти за коса
Додатоците за коса во последнете две години се сѐ популарни, но дојде време лентите за коса да заминат во заборавот. Наместо нив, на сцена доаѓаат шнолите. Овој украс за коса повторно го лансираа сите водечки кучи и на сцената го вратија овој помалку заборавен моден додаток, кој беше хит во 90-тите.
# „Bucket“ или рибарски шешир
Овој тренд, иако на многу дами не им е особено симпатичен, беше во голема мера присутен во последните неколку месеци. За среќа време е да му го свртиме грбот. Наместо рибарските, оваа сезона ќе бидат ИН сламените, каубојски шешири.
# Очила за сонце со округли рамки
Очилата се многу повеќе од заштита за очите од УВ зраците. Добрите очила може секој ваш стајлинг да го направам поинтересен. Оваа година, наместо округлите, ќе бирате квадратни рамки. Правилото гласи - колку се поголеми, толку подобро.
фото: SHUTTERSTOCK