Кејт и Вилијам се уште не го виделе својот внук?!
Кога Меган Маркл и принцот Хари службено објавија дека го добија своето прво дете, светот како да „застана“. Или барем така изгледаше за кралските следачи кои со месеци го очекуваа раѓањето на бебето. Светот не застана, а дека е така, покажаа и членовите на кралското семејство, пишува MarieClaire.
Имено, некои членови на кралското семејство, поточно принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се уште го немаат видено својот внук. Зошто? Одговорот е едноставен: тие се многу зафатени со работата. Дедото и бабата на Арчи, принцот Чарлс и Камила, отпатуваа во Германија на неколку дена, за време на породувањето. „Не можеме да бидеме повеќе воодушевени од тоа што сме и се радуваме на средбата со бебето кога ќе се вратиме“ – рече Чарлс од Берлин по среќната вест.
Принцот Вилијам и Кејт не заминаа толку далеку, но и оваа недела беа зафатени со кралските ангажмани. Војводата и војводката од Кембриџ во вторникот присуствуваа на промоцијата на регата во кралскиот куп, а во средатата се упатија кон Северен Велс.
Кога дознаа дека добија внук, Вилијам изјави: „Секако дека сум воодушевен, апсолутно воодушевен и очигледно се радувам што ќе ги видиме во следните неколку дена, кога работите малку ќе се смират“. На ова Кејт додаде: „Се радувам на средбата со нив... Првите неколку недели се секогаш малку застрашувачки па им посакуваме се најдобро.“