Кејт Мос и нејзината ќерка демонстрираат како да бидете најстилизирани ова лето!

Кејт Мос и нејзината ќерка демонстрираат како да бидете најстилизирани ова лето!

Објавена во: Мода // Moj стил

Освен што неодоливо наликуваат и двете имаат бреспрекорен стил...

Кејт Мос на Ибица ги собра сите луѓе што ги сака и направи вистински семеен одмор од соништата. Минатиот викенд ѝ се придружи и нејзината ќерка Лила Грејс, која тргна по нејзините стапки, и заедно со неа неодамна учествуваше во кампањата за колекцијата Fendi Haute Couture есен / зима 2021 година.

Речиси традиционално, Кејт носи лелеав макси фустан, рамни црни кожени сандали и бохо ѓердани, а Лила едноставен бел топ, волуминозно здолниште, патики и чанта Prada Cleo, која во моментов е еден од водечките трендови. Насмеани и расположени, мајката и ќерката се држеа за раце, не криејќи ја својата радост на средбата.

Иако Кејт доаѓа на ова место секоја година, таа не се двоуми да открие нови места, па овој пат го посети Cala Jondal & Amante beach clum, кој е еден од нејзините омилени ресторани поради спектакуларниот поглед на океанот. Таа таму ручаше и со Џордан Барет, кој е еден од моделите во нејзината агенција.

Во продолжение погледнете фотографиите на Кејт и Лила од Ибица:

фото: Profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: