Кендал Џенер се обидува да врати еден тренд од 2000-тите: Сите се надеваат дека нема да ѝ успее (ФОТО)
Некои работи треба да останат во минатото...
Модата цело време се врти во круг. Нешто што се носело пред многу години сега се враќа во мода, а трендовите кои сега престанаа да се носат, сигурно еден ден повторно ќе се вратат. Кендал сега се обидува да врати еден стар тренд.
Покрај дизајнерите, познатите личности и инфлуенсерите се оние кои можат да вратат некој моден тренд, бидејќи ако Кендал Џенер носи нешто цело време, големи се шансите девојките да посакаат да го носат истото. Само затоа што Кеднал кажала дека тоа е кул. Ѕвездите имаат големо влијание на модата, без разлика дали ние го сакаме тоа. Сега Кендал се обидува во фокус да врати еден моден тренд кој се носеше во 2000-тите години, а кој со текот на времето изумре.
Пред 20 години го обожаваа девојките, а постојано го носеше и Парис Хилтон, која тогаш беше главна модна икона. Станува збор за очила за сонце, а за каков модел станува збор, погледнете во продолжение:
Дури и Ким во последно време е залепена за сличен модел очила за сонце:
На добар пат се да се вратат ов мода и ова лето да бидат главниот модел кој ќе се носи. Некако не сме сигурни дека на девојките ќе бидат воодушевени со тоа, бидејќи дефинитивно изгледаат чудно и како еден од моделите кои не им одговараат на поголемиот број девојки.
фото: Принтскрин / Инстаграм