Киднапирана дваесетгодишна девојка не била силувана и убиена поради техника која ја научила нејзината мајка (ВИДЕО)

Киднапирана дваесетгодишна девојка не била силувана и убиена поради техника која ја научила нејзината мајка (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

За повеќето од нас, секојдневието се состои од многу секојдневни активности, вообичаени безначајности кои не влијаат ниту на нашите животи, ниту на светот воопшто. Сепак, понекогаш доаѓа момент кога се чини дека целото наше постоење зависи од тоа.

Дваесетгодишната студентка на Универзитетот во Јужна Каролина, Џордан Динсмор, се соочила со таков момент на 26 јули 2017 година.

Откако ја завршила смената во локален ресторан, тргнала кон својата станбена зграда. Излегувала од автомобилот кога од дрвена преграда во близина на нејзиниот автомобил излегле двајца мажи и впериле пиштол во неа.

„Се испаничив и почнав да врескам“, изјави таа за Teen Vogue. „Човекот што го држеше пиштолот ми рече да застанам или ќе пука во мене, по што ме принуди да легнам на земја“.

Откако ги возела до блискиот банкомат (не знаеле да возат поради рачниот менувач на автомобилот) и подигнала 300 долари, Динсмор ги молела да и го земат автомобилот и да ја пуштат. Но тие одбиле.

„Сега ќе нè однесеш на друго место“, рекол еден од мажите. „Кога ќе стигнеме таму, ќе те силуваме.

Во сета таа паника се сетила на мајка и.

„За малку ќе била жртва на сексуален напад кога беила на факултет, но возврати и го избрка напаѓачот. Знаеш, јас ќе бидам силна како мајка ми. Ќе излезам од оваа ситуација“, си помислила во еден момент.

Нејзината мајка Бет Тарнер рече дека „никогаш не треба да дозволи некој да ја однесе на друга локација, бидејќи таму се случуваат навистина лоши работи“.

Во морничава случајност, нападот врз нејзината мајка се одвивал на сличен начин како оној врз неа.

Човекот бил од задниот дел на автомобилот сакајќи да ја нападне.

Така, сеќавајќи се на советот на нејзината мајка, Динсмор не го врзала појасот откако се вратила во автомобилот. Покрај тоа, таа чекала додека не стигне до раскрсницата, каде од различни страни доаѓале три автомобили.

Откако дошла до местото излегла од автомобилот и побегнала. Не можејќи да го управуваат автомобилот, киднаперите побегнале, а на 911 се јавила жената која го видела девојчето како бега.

Откако и се јавила на мајка и, таа прво ја уверила дека е во ред. После тоа се сетила на нејзината приказна.

„Знаете, како родител, постојано им давате совет на вашите деца. Сепак не знаете што слушаат, не знаете на што обрнуваат внимание и што од советите запаметиле, изјавила мајката на девојчето.

„Секогаш и велев, никогаш не дозволувај некој да те однесе на тајно место. Знаев дека е силна, паметна и духовита. Не знаев дека има толкава борбеност во себе“, рече таа со горда насмевка.


Фото:screenshot

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: