Кијану Ривс повторно ги воодушеви сите: 9-годишно момче му пријде, а тоа што му го приреди актерот е за пофалба (ВИДЕО)

Кијану Ривс повторно ги воодушеви сите: 9-годишно момче му пријде, а тоа што му го приреди актерот е за пофалба (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

На светот му требаат повеќе луѓе како Кијану...

Кијану Ривс е познат по тоа што е еден од најпристапните и најскромните холивудски ѕвезди на светот. За тоа сведочи и видеото кое овие денови кружи на социјалните мрежи.

Познато е дека Ривс многу ги сака своите обожаватели и дека нема проблем да се фотографира и поразговара со нив. Токму на тој начин изненади еден свој мал обожавател на промоцијата на својот стрип „BRZRKR“ во Лос Анџелес.

Момчето по име Ноа дошло до Ривс и му кажало дека тој му е омилен актер на светот, а Кијану веднаш започнал разговор со него. Ривс му се заблагодарил на поддршката, а потоа го прашал дали се сеќава на Дук Кабум од анимираниот филм „Toy Story 4“ од 2019 година, лик на кој самиот актер му го позајмил својот глас.

Момчето му кажало дека му е омилен лик, а потоа Кијану му проговорил со гласот на војводата Кабум и го воодушевил момчето, но и многу корисници на Твитер.


„На светот му требаат повеќе луѓе како Кијану“, „Тој се однесува прекрасно во присуство на деца“, „Секогаш е толку опуштен, скромен и приземјен“, „Тој е многу фин човек“, „Се гледа дека е многу добар човек“ - се само некои од коментарите под видеото.

фото: Принтскрин / Твитер

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: