Ким ја изненади мајка си за 64 роденден на начин за кој многумина сонуваат
Дека родендените во семејство Кардашијан се слават наголемо и дека на новите изненадувања им нема никогаш крај ни е јасно како ден, па така роденденот на Крис Џенер помина во голем стил и заврши во светските медиуми.
Имено, Ким Кардашијан одлучила да ја изненади својата мајка за нејзиниот 64 роденден и тоа на многу емотивен начин. Добила идеја за оваа специјална прилика да ја изнајми нивната семејна куќа, за која ги врзуваат големи спомени, а во која сестрите Кардашијан пораснале.
Популарната ријалити ѕвезда ја подготвила ручек за сестрите и мајка си, како и за неколку нејзини најблиски пријателки, а емотивниот момент кога Крис дознава за изненадувањето го споделила на Инстаграм. Славеничката не можела да ги сокрие солзите кога прочитала што пишува во пликото кое нејзината ќерка и го врачила, а сето ова ги допре и сестрите на Ким.