Ким Кардашијан и Џеј Ло полудеа по неа: Како сами да си ја направите најпосакуваната фризура за ова лето?

Ким Кардашијан и Џеј Ло полудеа по неа: Како сами да си ја направите најпосакуваната фризура за ова лето?

Објавена во: Мода // In and Out

Како сами во домашни услови да си ја направите омилената фризура на Ким Кардашијан и Џенифер Лопез?

Свое место меѓу омилените летни фризури си обезбеди пунџата. Во последната година, пребарувањата за оваа фризура е зголемено за дури 174 проценти кај Британките, и веруваме дека ситуацијата е слична и во другите земји.

Растот на популарноста веројатно започна со „неуредната“ пунџа во која повеќето ја врзуваа косата за време на периодите кога немавме премногу опции поради пандемијата на коронавирус, но сега секој сака да ја направи пунџата што е можно подобра, па бара нови опции.

Познатите дами се насочија кон пунџите, а меѓу последните што покажа една од најдобрите верзии ова лето беше Ким Кардашијан за време на нејзината посета на Рим, но и Џеј Ло за време на прославата на нејзиниот роденден.

Стилистот на Ким Кардашијан ја надополни класичната пунџа со неуредни прамени што го врамуваа нејзиното лице.

Крајниот резултат беше женствена и секси фризура во исто време, и ако им верувате на експертите за коса - пунџата ќе биде најсекси и најпосакувана фризура ова лето.

Пунџата на Ким Кардашијан е само почеток на приказната. 

Во летните месеци, пунџата е особено популарна бидејќи е фризура во која косата се отстранува од вратот и рамената, што ја прави одличен избор за топлите летни денови и високите температури. Тоа е и фризура која sвездите често ја избираат за на црвениот тепих.

Разновидната пунџа е фризура која спасува во сите прилики, а како можете да ја направите, погледнете во продолжение:


фото: COBRA TEAM / BACKGRID / BACKGRID UK / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: