Ким Кардашијан објави фотографија од детството: И денес ја прави истата гримаса
Ријалити ѕвездата го покажа своето природно издание...
Ким Кардшијан е една од првите кои започна трендот по кој денес се водат жените ширум светот, а по бројните пластични операции кои ги направи, денес изгледа сосема поинаку.
Меѓутоа, и како девојче Ким сакала да биде модерна, што може да се заклучи од фотографијата која ја објави. Розовите лизгалки, обетките и фризурата ги воодушевија нејзините следбеници.
„Сѐ уште ја правам оваа гримаса“ - порача Кардашијан во описот на фотографијата.
Нејзините обожаватели, веднаш ја воочија разликата поради естетската хирургија, и ѝ пишуваа коментари дека и природно била убава, но и дека денес има премногу корекции на лицето и телото.