Ким Кардашијан објави нова фотка од плажа: Повторно ја обвинија дека претерала со фотошопот
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотографија на која позира на плажа. Во мини бикини ги истакна своите облини, а нејзината објава собра повеќе од пет милиони лајкови.
Освен бројните пофалби кои ги доби на сметка на својот изглед, некои од нејзините следбеници во коментари тврдат дека таа повторно се послужила со фотошоп и дека претерала со уредувањето на фотографијата.
„Колку долго ти требаше за така да ја средиш фотографијата?“, „Можеш да признаеш дека си ја фотошопирала фотографијата“, „Вистинска професионалка во уредувањето фотографии“, „Ова е апсолутно фотошопирано“ - беа само некои од коментарите.
Но, имаше и такви кои ја одбранија и кои напишаа дека луѓето се само љубоморни на неа.