Ким Кардашијан прошета во најбизарната облека досега: Што ли е ова? (ФОТО)

Ким Кардашијан прошета во најбизарната облека досега: Што ли е ова? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Изгледа како нешто што Канје би го носел.

Ким Кардашијан може понекогаш да има контроверзни модни избори, доста провокативни, но овој е нешто сосема друго и нешто во што никогаш не би помислиле дека ќе ја видиме. Како воопшто гледа каде оди?!

Ако не ја објавеше фотографијата на нејзиниот профил на Инстаграм, немаше да знаеме дека тоа е таа. Најновиот моден избор на Ким Кардашијан дефинитивно ги збуни сите. Не е нешто типично за оваа старлета, особено затоа што сме навикнати да ја гледаме во разголени и провокативни изданија. Сега таа отиде во сосема друга крајност. Воопшто не знаеме како да го објасниме ова, најдобро е да се уверите сами.

Таа во ова издание не отиде на тематски настан, не, не, го носеше ова среде бел ден, на пат кон хотел. Кожа од глава до пети, буквално. Како воопшто гледа каде оди со оглед на маската на лицето на која има? Таа дури и не објасни во објавата за што станува збор и која е приказната зад оваа необична облека. Во описот на фотографијата што ја објави ставила само емотикони со нож. Мистериозно!



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: