Кина повторно ги отвори киносалите: Посетителите ќе ги пушта под 4 услови
Посетителите на кината ќе мора да ги испочитуваат строгите правила
Точно 205 кина ќе бидат отворени денес на 28 март, во Шангај, јавуваат кинеските медиуми. Со над 500 кина кои повторно ќе работат во останатите кинески провинции, ова е еден од знаците дека земјата повторно се враќа во нормала по епидемијата коронавирус.
Но, сепак нема да биде како порано. Посетителите во кината ќе мора да ги покажат своите здравствени извештаи, на влезот ќе им се мери температура, а за време на проекциите ќе носат и маски. Ќе седат на сигурна оддалеченост едни од други, а помеѓу проекциите салите ќе бидат дезинфицирани.
Се уште е рано за во Кина да пристигнат најновите наслови или барем оние кои успеаа премиерите да ги изведат пред избивањето на пандемијата. Па така во првата понуда ќе се најдат околу 20 филма.
Кинеските дистрибутери се обратија до Холивуд со молба да и нивните филмови се најдат на платната на кинеските кина, додека полека застануваат на нозе. Се претпоставува дека засега 4 филма ќе бидат на листата.