Кирил и дедовците: Сара Мејс покажа на кој дедо повеќе личи новиот член на семејството Атанасовски (ФОТО)
Малиот Кирил сега е главен во семејството...
Откако се роди синот на пејачката Сара Мејс и водителот и маркетинг директор Димитар Атанасовски, буквално е во центарот на вниманието. Не дека неговата постара сестра Илина е помалку важна, но како и кон секое бебе, така и кон Кирил се насочени сите погледи.
Вчера, мама Сара сподели интересна објава на своите социјални мрежи. Имено, таа фотки на кои Кирил позира со неговите дедовци, поточно со корените на двете семејства - Костадиновски и Атанасовски.
„Татко ми цел живот проповедаше за семејните вредности, да си ги знаеме корените, колку е важна фамилијата и тоа да бидеме заедно силни и во нераскинлив чвор. Тогаш си мислев што му е на стариов, пак со проповедите ќе гњави. Денес го разбрав што сакал да каже тогаш. За жал некои алки од синџирот небото ни ги зеде, а некои доброволно се откинаа и напуштија… Боли и за едните, боли и за другите, но тие што останавме не се даваме. Ќе стоиме заедно и цврсто. И ќе шириме многу љубов.“ - напиша мама Сара, а за крај, како јаготка на шлаг додаде:
„Кирил и дедовците… Нека стои тука да ме потсеќа дека сум пребогата со најскапоценото“.
Иако е уште многу мал, од овие фотки може да се сфати на кое семејство повеќе личи Кирил. Па, што мислите вие? Чија копија е тој - на дедо Тони или на дедо Љубчо?
фото: Принтскрин / Инстаграм