Ќара и возот од стакло (Епизода 4)
Ноќта во стариот воз помина мирно. Првите сончеви зраци почнаа да го пробиваа стаклото од прозорецот на кабината со број 68. Небото се обои во виолетово, розево, сино, портокалово и црвено. Како да се роди нов универзум над нас. Еден од тие волшебни зраци допре и до мене. Ги отворив очите и се истегнав. Беше толку многу убаво што останав без зборови. Го зедов фото апаратот и направив неколку фотографии, а потоа погледот ми го улови заспаниот Огнен и прекршената светлина која врвеше низ него. Беше... совршено. Направив неколку фотографии и од него, а потоа си ги протрив очите. Беше утро, а за помалку од еден час јас ќе бидам во Италија.
По петнаесетина минути се разбудија и Нина и Огнен, а кога ги отворија очите на малата масичка имаше поставено топли ѓевреци, кафе и црно чоколадо. Ми беше многу здодевно, па се потрудив да ја изнанадам мојата поранешна најдобра другарка и мојот нов партнер. Среќни со појадокот, издеовме сè, а потоа беше време да се подготвиме за нашето слегување и збогување со кабината број 68.
Раницата на мојот грб, куферот во левата рака, фото апаратот обесен на вратот и шеширот во десната рака, јас бев подготвена да го живеам животот од моите фантазии.
„Сигурен си дека сакаш да дојдеш со мене во Италија?“
„100%“.
„Епа тогаш врме е да се збогуваме“.
„Уживајте дечки, можеби доколку ве запознаев порано ти и Огнен ќе бевте најдобри другари, делите многу заеднички визии и соништа. Мислам дека ќе се снајдете одлично“.
„Каде ќе одиш ти Нина?“ –Повторно прашав.
„Епа, ќе одам да го видам моето момче“.
„Што?“
„Ти реков дека е долга приказна“.
„Ракажи ја на кратко“.
„Додека бев во Лондон се запознав со Алекс, шпански турист во посета на прекрасниот и врнежлив Лондон. Јас бев негов туристички водич и како поминваа деновите ние станавме се поблиски. Потоа тоа прерасна во нешто поголемо, а нашата магија беше нарушена поради неговото враќање дома, во Шпанија. Го немам видено веќе цел месец, но често разговаравме на камера, па ми требаше една ноќ да донесам одлука дека ќе побегнам од Лондон и ќе отидам да го видам Алекс. Татко ми не знае, мисли дека поради тежок вирус се вратив дома и поради неговата постојана напорна работа јас заминав да живеам на кратко со мајка ми и брат ми, со цел да се излечам. Нашата мила мајка како и секогаш, заглавена е во некои си коцкарници па не успеав ни да ја видам. Мојата омилена баба ми помогна да се качам на возов со мојот брат со цел двајцата да си ги оствариме соништата, јас да побегнам од Лондон, од студиите и од цврсто набиената моја агенда до крајот на животот и Огнен конечно да го види светот, да откри што сака и да живее како што тој сака. Накратко, тоа е тоа“.
Возот застана, се слушна и неговата сирена.
„Ајде, време е да се збогуваме“.
Ја прегрнав цврсто, ѝ кажав дека за сè може да ми се јави и дека очекувам известување за неа и Алекс.
Го ставив шеширот на глава и слегов од возот. Огнен стоеше до мене со црната раница на десното рамо. Возот полека се одалечуваше од нас, а ние, двајцата, сега почнуваме да живееме…
Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper