Ќара и возот од стакло (Епизода 7)

Ќара и возот од стакло (Епизода 7)

Утрото во Рим беше поинакво. Тука сè беше посебно. Иако бевме сместени во хостел, иако условите на истиот беа далеку од добри, сепак, Римското утро допре и до нас. Придушените сончеви зраци го пробија стаклото од прозорецот на нашата соба,  а на напите лица ја измами првата утринска насмевка. 

Времето е песок, секогаш ти се лизга од раце, затоа ние утото го започнавме рано. Облечени во некои едноставни, кул и летни комбинации, јас и Огнен бевме подготвени да се предадеме целосно на Рим и неговата хармонија.

Краток жолт фустан, со тенки прерамки, косата собрана во висока растурена пунџа, округли наочари за сонце, неколку сребрени прстени на прстите и раница на грбот, како вистински турист се предаов на Рим.  Мојот партнер беше облечен во широк, црн шорц и долга маица по кратки ракави, неговата коса беше повторно самостојно уредена, во некој чуден, но совршен хаос, а носеше и очила за сонце.

Заедно со Огнен го имавме и првиот појадок во убавиот Рим- ладно кафе со неколку чоколадни крофни. 

„Како одлучи да патуваш?“

„Искрено, тоа беше мој сон, целиот мој живот“.

„И како се чуствуваш сега?“

„Волшебно“.

Потоа го повлеков за раката и го одвлечкав до едно мало атлје. 

„Погледни, ова ти е совршенство“.

„Не знаев дека толку ја сакаш уметноста“.

„ Не ја сакам, живеам за неа. Отвори ги очте и гледај ги сликиве, зарем секоја не зорува на некој свој јазик? Зарем не гледаш колку тајни кријат? “

„Па што те прави толку поврзана со уметноста?“

„Молчи и гледај ја оваа слика. Таа во овој момент ти го раскажува нејзиниот живот, сега и овде, ти странецу, ти не гледаш само во една прекрасна експлозија од бои, ти гледаш право во душата на уметникот“.

„Ти навистина не си нормална“.

„Само знам да гледам поразлично од тебе“.

Го истраживме речис целиот Рим, бевме на сите така наречени совршени места, го имавме на дланка градот на боговите, а сега, и двајцата изморени седевме пред Колосеумот и гледавме во небото. Решивме да го дочекаме зајдисонцето тука. 

До нас седна едно мало девојче, кое изгледаше малку збунето, малку исплашено, па ме загрижи, ја прашав како се вика и дали е добро, а таа ме праша дали јас се викам Ќара, кога и кажав дека тоа е моето име, таа ми даде еден бел лист хартија и ми рече дека мора да замине. Повторно добив лист хартија, го отворив и почнав да читам.

Ќара,

Гледам, односно знам дека одлично се забавуваш и навистина ми е мило, но време е да те воведам во целата мисија.

Вечерва ќе се запознаеш со човекот за кого ти зборував, ти и тој, вие двајцата  сте поврзани од раѓање, за жал.

Човекот се вика Роберто. Сигурн од некаде ти е познато. Тој е уметникот пред чие атлје заедно со Огнен ги гледавте неговите ремек дела. Со неговото пристигнување во твојот живот, мила моја, ти ќе бидеш на работ помеѓу ралноста и илузијата. Од вечерва, сè ќе се промени. Наскоро ќе треба да ги засукаш ракавиците и да ја откриеш вистината за изчезнувањето на малата Лаура. Мила моја Ќара, ти верувам и искрено се надевам дека во време на очај нема да побегнеш и да оставиш многу луѓе на цедило, на ивица, во безнадежие. За многу скоро повторно јас и ти ќе се сретниме, а исто така, наскоро, ќе имаш можност да разговараш со мене, односно сама со себе.

Многу успех и храброст,

Ќара од иднината

Ова беше веќе трето писмо од мојот таен испраќач. Почнав да се загрижувам, но уште не обрнував внимание на писмата. 

Доцна тој ден се вративме во хостелот каде што престојувавме, а кога влеговме во нашата соба бевме целосно вкочанети.

„Кој сте вие?“- праша Огнен

„Ова... Моето име е Роберто, вечерва ќе престојувам во вашата соба“.

„Робето? Роберто ****?!“

„Да, од каде ме познавате?“

„Зар вие не сте уметник?“

„Сум, но од каде знаете вие?“

„Имате ателје, тука, во Рим, во самиот центар?“

„Да, но ќе ми одговорите како ме препознавте?“

Проклеттво, оваа Ќара од иднината навистина беше во право, но како би знаела? Кој се претставува под тоа име и ми пишува писма? Бев исплашена, многу, за себе и за својот живот.

„Утрово со Огнен ги разгледувавме вашите слики, имате карактеристичен, читлив потпис, па ведаш ми падна в очи. Морам да признаам, навистина имате многу голем талент“.- Го изоставив делот со писмата и како мојот мистериозен дописник ми ја најави средбата со него. Роберто, беше навистина убав човек во зрелите триесети години . Висок, со темно кафеава долга коса, одличен рокерско-елегантен стил на облекување, кафеави очи, долги веѓи и многу убава насмевка.

„Мило ми е бидејќи ви се допаднале“.

„Се извинувам што ве прекинувам, но навистина ме интересира, господина Роберто, што правите во нашава соба?“

„А, да, секако, во право сте. Хостелот немаше слободно место, па ме сместија тука, во вашата соба“.

„Одлично“.- Со ироничен глас  рече Огнен.

Ноќта беше долга, а нашите тела исцрпени. Се предадовме на сонот.

Шестата епизода од оваа неверојатна приказна, може да ја најдете ТУКА.


Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper

Можеби ќе ве интересира: