Ќе бидат летен хит: Очилата за сонце кои во последно време постојано ги гледаме на Инстаграм

Ќе бидат летен хит: Очилата за сонце кои во последно време постојано ги гледаме на Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Температурата овој викенд не поттикна да почнеме да ги извлекуваме летните работи од плакарот...

Одвреме - навреме се појавува некое парче облека, обувки или моден додаток кој станува вистински хит и редовно го гледаме на речиси секоја објава веднаш штом ги отвориме социјалните мрежи. Сега главни се едни очила за сонце.

Ова лето се враќа ретро модата. Барем кога се во прашање модните додатоци, поточно очилата за сонце. Веќе почнавме редовно да ги носиме затоа што сонцето не се шегува и не беше потребно да помине многу време за еден модел да се издвои од останатите. Станува збор за ретро моделот кој е инспириран од модата на 70-тите и изгледа одлично. Тие изгледаат како ретро верзија на авијацискиот модел на очила за сонце.

А, наводно тие ќе бидат хит и ќе го одбележат ова лето. Тие се разликуваат од стандардниот авијациски модел по тоа што рамките им се повеќе квадратни. Изгледаат апсолутно ретро!

Како нешто што би очекувале да го видите во серијата „Луди 70-ти“. Станува збор за предимензиониран модел кој одлично ќе се вклопи на големината на лицето, а исто така одлично се комбинира - како со оние фенси комбинации, така и за оние лежерните како тренерки или хеланки и големи маици.


фото: Принтскрин / Инстаграм / carolinacubasq

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: