Ќе побарате марамчиња: 6 романтични комедии кои ќе ги гледаме оваа година
Доколку ти недостасуваат добри филмови за гледање, еве кои задолжително треба да ги имаш предвид.
Годината само што започна, а новите филмови и серии почнаа да стигнуваат! Некои кои се подготвуваат да излезат оваа година се неверојатни. Во продолжение ви подаруваме листа од 7 филмови со датумите кога треба да излезат. Истите нема да сакаш да ги пропуштиш доколку обожаваш да плачеш на слатките романтични комедии.
# I Still Believe
Еден од главните актери од Riverdale, KJ Apa, ќе биде главна ѕвезда во овој филм. Приказната е за пејачот Џереми Камп и неговата врска со девојката која го обожува, неговата прва жена Мелиса. Токму пред да прават свадба, на Мелиса и е дијагностициран рак, а тоа нема да допре до нив двајца и цело време уживаат во својата врска. Веќе можеш да претпоставиш дека крајот би можел да биде неверојатно тажен.
Доаѓа на: 13 март
# Emma
Овој филм настанал по истоимената книга на писателката Џејн Остин, а самото тоа навестува дека станува збор за нешто навистина добро. Приказната ја следи Ема Вудхаус, која верува дека има способност да ги спојува луѓето, иако секој пат кога ќе спои некој, настанува мал хаос.
Доаѓа на: 21 февруари
# Monster Problems
Малку поинаков романтичен филм, во кој има и чудовишта и апокалипса и понатаму е нешто што би можело да биде интересно. Во главната улога е Дилан О'Брајан, кој можеби ти е познат од серијата „Teen Wolf“. Тој ќе мора да научи да се бори против чудовиштата и како да преживее апокалипса, а на крајот ќе го пронајде својот пат до девојката во која е заљубен.
Доаѓа на: 17 април
# The Lovebirds
Романтика, комедија... и мистерија. Минатогодишниот хит од филмската индустрија „Murder Mistery“ ги освои гледачите, а оваа година доаѓа нешто слично. Холивуд сака да ги повторува своите успешни рецепти, па доколку бараш некој филм кој е повеќе комедија, отколку романтика, овој ќе биде тој. Парот случајно се наоѓа вплеткан во бизарна и мизерна мистерија, од која мора да пронајдат излез и да го спасат својот углед, но и врска.
Доаѓа на: 3 април
# Marry me
Филм кој оваа година ќе биде еден од најисчекуваните е токму овој, а причината за тоа се главните актери. Џенифер Лопез и Овен Вилсон се рецептот за добра романтична комедија. Џенифер ќе глуми поп пејачка која треба да се омажи за својата љубов за време на голем концерт... но, тогаш ќе открие дека тој ја изневерува. Наместо него, одбира рандом лик од публика кој ќе го замени. Како ќе изгледа тој брак? Филмот ќе ти открие, но дека ќе биде смешно, не се сомневаме.
Доаѓа на: некогаш оваа година, не се знае точниот датум.
# To All the Boys: P.S. I Still Love You
Трејлерот започнува со романтичниот состанок на Питер и Лара Џин и потсетување како започнува нивната љубов. Се изгледа прекрасно, се прикажуваат романтичните моменти кои се случуваат помеѓу нив двајца, нивното дружење со пријателите и семејството - но и почеток на создавање на љубовен триаголник. Еднакво како што во првото продолжение Лара се потроши, а Питер се најде над неа кога ги отвори очите, сега истото се случува истото само со друго момче - нејзината симпатија од градинка Џон Амброс, на кој исто така му е испратено писмо во првото продолжение.
Доаѓа на: 12 февруари