Ќе познаете ли кое е ова мало слатко девојче: Ѝ донесе победа на Македонија од едно балканско шоу
Струмичанката Славица Ангелова дојде до победа во „Ѕвезде Гранда“ минатата сезона. Таа не важеше за фаворит, но по девет месеци натпреварување освои дури 88.367 гласови на финалната вечер, доволно за победа.
21 годишната струмичанка инаку е многу успешна студентка по медицина.
ФОТО: Инстаграм
Младата струмичанка ги воодушеви сите со нејзиниот финален настап пеејќи ја песната „Угаси ме“ од Парни Ваљак, како родена за сцена, без грам трема. Судејќи по реакцијата на жирито, сите членови уживаа во настапот на талентираната пејачка.
Славица која е активна и на социјалните мрежи, сподели една интересна фотка од нејзиното детство.
„Некогаш одмана“ - напиша таа помеѓу четирите фотографии на кои се гледа како изгледала како мала